Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска подели хуманитарни пакети на социјално загрозени семејства
- Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска денеска посетила повеќе социјално загрозени семејства на територијата на општината и им поделила пакети со прехранбени продукти и средства за лична хигиена. Во рамки на посетата, децата од овие семејства добиле и новогодишни пакетчиња.
Скопје, 2 јануари 2026 (МИА) - Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска денеска посетила повеќе социјално загрозени семејства на територијата на општината и им поделила пакети со прехранбени продукти и средства за лична хигиена. Во рамки на посетата, децата од овие семејства добиле и новогодишни пакетчиња.
Како што информираат од Општина Кисела Вода, при посетите, таа истакнала дека овие семејства секогаш можат да сметаат на поддршка од општината, како и од неа лично како градоначалник, нагласувајќи дека грижата за најранливите категории граѓани не е само институционална обврска, туку и искрена човечка заложба и вредност во работењето на локалната самоуправа.

Во таа насока, посочила дека ваквите активности ќе продолжат и во текот на годината, со цел поддршката да стигне до секој граѓанин кому му е најпотребна. Симболично, настанот се одвивало на празникот Св. Игнат, празник за кој се верува дека каков ќе биде денот, таква ќе биде и целата година, па токму затоа овој ден беше посветен на хуманост и дарување.
-Цела година да си помагаме! Нема поубав начин да се започне годината од тоа да се подаде рака на некој кому му е најпотребно. Денес е Св. Игнат, а старите велат: “Каков ќе ти биде денот денес, таква ќе ти биде и целата година”. Водени од таа мисла, денес со мојот тим одлучивме денот да го поминеме во дарување. Поделивме пакети на семејства каде што помошта е навистина добредојдена. Ако денот се познава по утрото, а годината по денешниот празник, тогаш нека оваа година ни биде исполнета со хуманост, солидарност и полни срца, нагласила градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска. фф/са/
Фото: Општина Кисела Вода