• понеделник, 23 декември 2024

Градоначалничката Арсовска изврши увид на ставањето во употреба на биокомпостара за органиски отпад

Градоначалничката Арсовска изврши увид на ставањето во употреба на биокомпостара за органиски отпад

Скопје, 12 март 2024 (МИА) - Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска заедно со екипи од скопското јавно претпријатие „Паркови и зеленило” изврши увид на обуката и ставањето во употреба на втората нова биокомпостара за ефикасно компостирање на органскиот отпад, соопштуваат од Град Скопје.

Како што информираат оттаму био компостарата е дел од системските решенија за третирање на биоразградливот отпад и произведување природно ѓубриво за зелените површини во градот. Целта е да овозможи ефикасно решение за справување со органскиот отпад за домашна, комерцијална и индустриска употреба, при што низ процесот на компостирање, сите видови органски отпад се претвораат во висококвалитетен компост.

-Оваа нова автоматска биокомпостара е со капацитет на преработка од 1000 килограми биоразградлив отпад за 24 часа, со користење на еко аеробен метод при што се добива високо квалитетен компост подготвен за употреба во рок од 3 до 7 дена. Со овој начин на третирање на отпадот, значителено се намалува неговиот волумен, односно 1000 килограми био отпад се трансформира во 150 до 200 килограми компост, што е намалување за 80 до 85 проценти, со што се олеснува процесот за негово користење и складирање. Исто така, со процесот на компостирање значително се намалуваат трошоците за управување со отпадот, со тоа што од органскиот отпад се добива висококвалитетен компост за соодветна употреба во скопските јавни претпријатија, се наведува во соопштението.свс/ев/

Фото: Град Скопје

Остани поврзан