• петок, 10 мај 2024

Арсовска потпиша Меморандум за соработка со директорот на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза – Скопје, Насер Цури

Арсовска потпиша Меморандум за соработка со директорот на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза – Скопје, Насер Цури

Скопје, 13 октомври 2023 (МИА) - Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, потпиша Меморандум за соработка со директорот на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза – Скопје, Насер Цури. Арсовска рече дека ова се прави со цел да се има целосна слика за сите потреби во градот Скопје и во институциите, односно покрај градските и националните да бидат целосно вклучени со нивните активности и програми што се планирани за следниот период.

-Почнуваме соработка и со националните установи од областа на културата со коишто активно ги вклучивме нивните програми и сето она коешто е важно од оваа област, изјави градоначалничката Арсовска на денешната прес-конференција по потпишување на меморандумот.

Директорот на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза – Скопје, Насер Цури и изрази гордост што градот Скопје, кој го оцени како град на солидарноста и љубовта, градот во којшто е родена нобеловката Мајка Тереза – Гонџа Бојаџиу, успеа да стане и европска престолнина за културата за 2028 година.

-Во склоп на потпишувањето на овој Меморандум за соработка верувам дека ние како национална установа на Градот Скопје ќе му помогнеме за реализација ан сите програмски активности со нашите просторни капацитети и верувам дека нашата соработка ќе се продлабочува секој ден, истакна Цури. сх/нд/

Фото: МИА

Остани поврзан