Градоначалниците од дебарскиот регион и СМИР им го честитаа Велигден на верниците
- Честитки по повод Христовото воскресение - Велигден до верниците упатија градоначалниците од поширокиот дебарски регион, како и Сојузот на Македонците со исламска религија, СМИР.

Дебар, 20 април 2025 (МИА) - Честитки по повод Христовото воскресение - Велигден до верниците упатија градоначалниците од поширокиот дебарски регион, како и Сојузот на Македонците со исламска религија, СМИР.
-Искрени честитки до сите верници по повод големиот празник Велигден, празник кој го носи духот на надежта, љубовта, добродетелството и благородноста. Велигденските празници нека го исполнат секој дом со мир, радост, љубов, здравје и бериќет, посака градоначалникот на Дебар Хекуран Дука.
Од свое лично име и од име на општина Маврово и Ростуше упати градоначалникот Медат Куртовски.
-Среќни велигденски празници на сите православни христијани во нашата општина и нашата држава. Од мое име и во име на општина Маврово и Ростуше Ви посакувам здравје, среќа, радост и благосостојба во сечиј дом. Нека во нашите срца и души се всели духовен мир и спокојство, радост и разбирање, наведува Куртовски во честитката.
Честитка до верниците упати и градоначалникот на општина Центар Жупа, Аријан Ибраим, посакувајќи истиот да го поминат во радост и среќа со најблиските и со желби за здравје и благосостојба.
-До сите христијани, во мое и во име на Сојузот, искрени честитки по повод големиот празник Велигден, со желби за многу среќа, здравје, бериќет, стои во честитката на Сојузот на Македонците со исламска религија, потпишана од претседателот Латиф Пајкоски.
Христовото воскресение во Дебар беше соопштено во црквата "Успение на Пресвета Богородица“, од парохискиот намесник Миле Ангеловски. Присуствуваа поголем број верници, постојани, но и поранешни жители на градот. вт/вг/
Фото: МИА