• четврток, 27 јуни 2024

Градоначалниците на општините од Тиквешко го честитаа Божик 

Градоначалниците на општините од Тиквешко го честитаа Божик 
Кавадарци, 7 јануари 2022 (МИА) - Градоначалниците на општините од Тиквешко го честитаа Божиќ. - Почитувани сограѓани, православни христијани. По повод големиот христијански празник раѓањето Христово-Божик до сите граѓани од православна вероисповед од општина Неготино упатувам срдечни честитки со искрени желби празникот да го поминат во весела и пријатна атмсосфера во своите домови.  Славете ја љубовта, надежта и вербата на денот кога доаѓа веста за раѓањето на спасителот Исус Христос-празникот над празниците кој е симбол на радоста и заедништвото. Ви посакувам многу здравје, среќа и успех на приватен и професионален план.  Христос се роди, честиташе градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов. Христос се роди, Навистина се роди, честиташе и росоманскиот градоначалник Стојан Николов. - Божјата светлина нека го осветлува патот по кој чекорите. Радост, мир божји и љубовта Христова нека ги исполнува вашите срца, за многу години, порача Николов. Честитки по повод Божик упатија и демиркапискиот и кавадаречкиот градоначалник, Лазар Петров и Митко Јанчев.  свд/цр

Остани поврзан