Градоначалникот Ѓорѓиевски и општинските служби во текот на ноќта ги расчистуваа улиците од снег
- СООПШТЕНИЕ- Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и општинските служби во текот на целата ноќ ги расчистуваа улиците од снегот. Во 03 по полноќ, тој на својот фејсбук профил сподели фотографии од акцијата.
Скопје, 12 јануари 2025
Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и општинските служби во текот на целата ноќ ги расчистуваа улиците од снегот. Во 03 по полноќ, тој на својот фејсбук профил сподели фотографии од акцијата. Механизацијата во огромен број е распоредена на сите улици на територијата на општината, а се интервенира и во делот на паднатите гранки и дрвја како последица на снежното невреме.Како што информираат од општината, активно се работи веќе 10 часа, а екипите ќе продолжат во текот на целиот ден и нема да дозволат граѓаните да бидат попречени во извршувањето на своите активности.
-Мојот народ да биде спокоен, подготвени сме и извршувањето на секојдневните активности ќе биде целосно овозможено и непречено! - истакна Ѓорѓиевски.

Општина Кисела Вода
Фото: Општина Кисела Вода
__________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.