• четврток, 02 мај 2024

Градоначалникот на Ресен во посета на Мала Преспа, за поддршка на Панди Јани за градоначалник

Градоначалникот на Ресен во посета на Мала Преспа, за поддршка на Панди Јани за градоначалник

Дебар, 6 мај 2023 (МИА) - Во посета на Мала Преспа денеска беше градоначалникот на општина Ресен, Јован Тозиевски.

- Денеска ја имавме честа, Мала Преспа да ја посети мојот драг пријател и градоначалник на Ресен Јован Тозиевски. Направивме мала прошетка низ неколку села, при што заеднички констатиравме дека Мала Преспа има голем потенцијал, исто како ресенската, но потребен е труд и многу работа, објави на фејсбук, Панди Јани, кандидат за градоначалник на Пустец.

Тој изразува голема благодарност за искажаната поддршка од страна на градоначалникот Тозиевски и ветува дека со заеднички добро изработени проекти, Мала Преспа ќе ја издигне на местото кое го заслужува.

- Почитувани браќа и сестри Македонци, меѓу другото сакам да ви го честитам христијанскиот празник Св.Ѓорѓи- Ѓурѓовден, нека дава здравје, среќа и бериќет. Промените доаѓаат, Мала Преспа заслужува подобро. Гласајте за победничкиот број, бројот 1. Да сте живи и здрави, стои во објавата.

Тозиевски заедно со домаќините го посетил и музејот „Стерјо Спасе" во село Глобочани, пред чие спомен обележје оддал почит, како и црквата „Свети Архангел и Михаил" во Пустец. вт/цр


Фото: фејсбук Панди Јани 

Остани поврзан