• понеделник, 23 декември 2024

Градоначалникот на општина Чаир оствари средба со поранешниот амбасадор на Косово Дедај

Градоначалникот на општина Чаир оствари средба со поранешниот амбасадор на Косово Дедај
Скопје, 4 јуни 2021 (МИА) - Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу денеска оствари средба со поранешниот амбасадор на Република Косово во Северна Македонија,  Ѓерѓ Дедај. Како што информирата од Општината градоначалникот го информирал Дедај во врска со ангажирањата што ги презема за да им обезбеди на граѓаните на Општина Чаир прогресивен живот. -На средбата го истакнав фактот дека секогаш сме на услуга на граѓаните, затоа многу активности што сме ги презеле и ги преземаме, особено во модернизацијата на патната инфраструктура, се само за нивно добро, рече Ганиу. Во соопштението се наведува дека се потсетиле и на одличната соработка што општина Чаир ја има со многу општини на Република Косово, но и со други косовски институции.свс/скс/

Остани поврзан