Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, во увид на детската градинка „Гоце Делчев“
- Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во тековната работа на детската градинка „Гоце Делчев“, каде во моментов се одвиваат градежни активности за изградба на нова централна кујна, а набавени се и четири прочистувачи за воздух сместени во заедничките простории, како и реквизити наменети за подобрување на моторниот развој кај децата.
Скопје, 23 септември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во тековната работа на детската градинка „Гоце Делчев“, каде во моментов се одвиваат градежни активности за изградба на нова централна кујна, а набавени се и четири прочистувачи за воздух сместени во заедничките простории, како и реквизити наменети за подобрување на моторниот развој кај децата.
-Проектот за изградба на нова современа кујна, со површина од 150 м², претставува значаен чекор кон подобрување на грижата за децата во општината. Новата кујна ќе биде усогласена со највисоките хигиенски и технички стандарди и ќе има капацитет за подготовка на повеќе од 600 оброци дневно. Освен за потребите на градинката, оброци ќе се доставуваат и до основните училишта во општината каде има продолжен дневен престој, соопштуват од Општина Илинден.

Паралелно, со оваа инвестиција, општината отвора и нов простор за згрижување деца, така што старата кујна ќе се пренамени во две нови занимални, со што капацитетот на градинката ќе се зголеми за уште 50 дечиња, и градинката ќе може да згрижи вкупно 650 деца. сст/дма/
Фото: Општина Илинден