• четврток, 04 декември 2025

Градоначалникот на Лондон одби да повика на откажување на пропалестинските протести

Градоначалникот на Лондон одби да повика на откажување на пропалестинските протести

Лондон, 3 октомври 2025 (МИА) – Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, одби да повика на откажување на пропалестинските протести по терористичкиот напад во близина на синагога во Манчестер, наведувајќи дека граѓаните имаат право на „мирни и законски“ демонстрации.

Кан наведе дека луѓето треба да бидат „свесни за ужасниот терористички напад“, пренесе британски „Телеграф“.

За утре е закажан протест во знак на поддршка на забранетата терористичка група „Палестинска акција“.

Се очекува околу 1.500 луѓе да учествуваат на протестот.

Во терористичкиот напад во Манчестер загинаа двајца мажи, а тројца беа тешко повредени. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан