• сабота, 27 јули 2024

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, се откажа од службен автомобил и средства за репрезентација

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, се откажа од службен автомобил и средства за репрезентација
Скопје, 28 октомври 2021 (МИА)Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, нема да користи службен автомобил и се откажува од средствата за репрезентација, информираат од општината. Како што пренесуваат, според најавата во предизборната кампања, ќе се води строга контрола на сите службени возила и нивната употреба ќе биде наменска, рационална и исклучиво во корист на граѓаните, а средствата од репрезентација ќе бидат пренаменети за реконструкција на образовни објекти и детски игралишта. - Никој повеќе нема право да ги злоупотребува службените возила во приватни цели. Од денесклучевите на сите службени возила ќе бидат под строга контрола и ќе се користат исклучиво во корист на граѓанитедоста беше од бесцелно трошење на парите на граѓаните, изјавил градоначалникот, пренесуваат од општината. ар/лв/

Остани поврзан