• среда, 08 мај 2024

Градоначалникот Куртовски им додели новогодишни пакетчиња на учениците во Општина Маврово и Ростуше

Градоначалникот Куртовски им додели новогодишни пакетчиња на учениците во Општина Маврово и Ростуше

Дебар, 29 декември 2023 (МИА) - Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, во пресрет на новогодишните празници, а на последниот училиштен ден од првото полугодие, на сите основци и децата од градинката во Скудриње, традиционално им подели новогодишни пакетчиња.

Најпрво беа израдувани најмалите во градинката во село Скудриње а потоа и основците во ова и другите населени места.

- На сите околу 400 ученици и нивните наставници им го честитав успешно завршеното прво полугодие од оваа учебна година  и им посакав уште поголеми успеси во новата 2024 година. Секако им посакав среќна Нова година, многу здравје, среќа и благосостојба во нивните семејства,  рече Куртовски за МИА.

Во оваа општина функционираат четири основни  училишта и тоа „Блаже Конески“ во Скудриње, „Јосип Броз-Тито“ во Жировница, „Хајан Селмани“ во Ростуше и „Денче Деајноски“ во Маврови Анови.

Градоначалникот Куртовски имаше и предновогодишна средба со досегашните градоначалници и претседатели на советите на оваа општина. вт/вг/

Фото: Општина Маврово и Ростуше

 

Остани поврзан