• петок, 05 декември 2025

Градоначалникот Костовски изврши увид во изградбата на СРЦ во Кучевишка Бара

Градоначалникот Костовски изврши увид во изградбата на СРЦ во Кучевишка Бара

Скопје, 27 ноември 2025 (МИА) -Градоначалникот Дарко Костовски денеска изврши увид во активностите за изградба на новиот спортско-рекреативен центар во населено место Кучевишка Бара, кој ќе се протега на површина од 2000 метри квадратни.

Како што информираат од општината, новиот спортски комплекс ќе содржи фудбалско игралиште со висококвалитетна вештачка трева, детско игралиште, летниковец и нови клупи, парк и нови зелени површини.

- Општина Бутел се менува. Маалскиот дух се чува и негува. Локалната самоуправа инвестира и создава можности за редовно практикување на спорт на сите граѓани, се наведува во соопштението.свс/са/

Фото: Општина Бутел

Остани поврзан