Градежни активности во штипската приградска населба Чардаклија
- Инвестицијата за изградба на нови улици е во висина од два милиони денари, а се реализира во рамки на проектот „Штип без кал“. Тој најави дека наредниот период со тротоар ќе бидат поврзани населените места Чардаклија и Балканска.
Штип, 8 јули 2024 (МИА) - Почна изградбата на улици во штипската приградската населба Чардаклија, информираше на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.
Инвестицијата за изградба на нови улици е во висина од два милиони денари, а се реализира во рамки на проектот „Штип без кал“. Тој најави дека наредниот период со тротоар ќе бидат поврзани населените места Чардаклија и Балканска.
-Градежните активности веднаш продолжуваат во населбите Балканска, Три Чешми, потоа селата Долани, Драгоево и неколку краци од улици, еве таков крак е веднаш до улицата „Панче Караѓозов“, кој опфаќа пристап до десеттина домаќинства. Како што напоменав во рамки на проектот „Штип без кал“ ќе бидат опфатени неколку населени места и верувам дека ќе се овозможи нормален пристап до домовите на граѓаните, вели Јорданов.
Штипскиот градоначалник Јорданов додаде дека во приградската населба Чардаклија ќе се постават и детски реквизити веднаш до зградата на подрачното училиште. вдј/цр
Фото: МИА