• четврток, 09 мај 2024

Грабеж во позната дискографска куќа во Атина

Грабеж во позната дискографска куќа во Атина
Атина, 8 јуни 2022 (МИА) – Две маскирани лица во текот на ноќта извршиле грабеж во позната грчка дискографска куќа во Атина, а според грчките медиуми, одзеле сеф, јави дописничката на МИА од Атина. Неофицијално, сторителите откако го нападнале чуварот, упаднале во зградата и во канцелариите на компанијата, одзеле сеф и побегнале. Во тек е истрага на полицијата за пронаоѓање на сторителите. ср/сд/

Остани поврзан