Гоф ја победи Пегула во финалето во Вухан
- Американската тенисерка Коко Гоф ја победи својата сонародничка Џесика Пегула во финалето во Вухан со 6:4 и 7:5.
Вухан, 12 октомври 2025 (МИА) - Американската тенисерка Коко Гоф ја победи својата сонародничка Џесика Пегула во финалето во Вухан со 6:4 и 7:5.
Мечот траеше 1 час и 44 минути.
Гоф сервираше 4 аса, направи 8 двојни грешки и реализираше 5 од 9 брејк топки. Пегула немаше ас, направи 2 двојни грешки и реализираше 4 од 9 брејк топки.
Ова е 11-та ВТА титула во поединечна конкуренција за 21-годишната Американка.
Турнирот се играше за награден фонд од 3,7 милиони долари. зс/
Фото: ЕПА