• петок, 05 декември 2025

Гостивар се повлекува од ПМФЛ

Гостивар се повлекува од ПМФЛ

Гостивар, 3 мај 2025 (МИА) – Раководството на ФК Гостивар одлучи да се повлече од Првата македонска фудбалска лига. За ова одлука  гостиварци вечерва ја информираа јавноста преку соопштение.

Тимот на Гостивар минатата недела го напуштија теренот при негатива од 2:1 против Работнички, по што добија казна од ФФМ. Одземени им се девет бода, претседателот и тренерот беа казнети со забрана од две години вршење на спортска дејност, а исто така Гостивар во следните 10 меча како домаќин требаше да ги игра надвор од својот стадион. Исто така сите фудбалери кои беа во записникот парично се казнети.

Претходно и тимот на Воска Спорт реши да се повлече од Првата македонска фудбалска лига. зс/

Фото: ФФМ

Остани поврзан