• петок, 05 декември 2025

Гостивар обезбеди финансирање за 49 проекти преку „унгарскиот кредит“

Гостивар обезбеди финансирање за 49 проекти преку „унгарскиот кредит“

Гостивар, 17 јули 2025 (МИА) - Општина Гостивар забележа голем институционален успех обезбедувајќи финансирање за 49 различни проекти преку унгарскиот кредит, рече в.д. градоначалникот Ваљбон Лимани по потпишувањето на договорите. Тој во објавата на социјалните медиуми посочи дека пријавите за вториот повик поминале низ процес на кој било посветено значително внимание.

Според Лимани, проекти кои ќе бидат финансирани од таканаречениот „унгарски кредит“ претставуваат конкретен чекор кон одржлив развој на градот и подобрување на животните услови за граѓаните на Гостивар. Меѓу проектите, кои се од инфраструктурата има и во сферата на образованието, животната средина и јавните услуги.

Во објавата на градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани се наведува дека нивното спроведување и реализација ќе бидат по фази и според приоритетот и стратешкото значење.

- Ова е момент на гордост за сите нас. Остварувањето на 49 проекти финансирани од унгарскиот кредит е резултат на посветеноста и професионалноста на нашиот тим. По напорна работа, со стотици прецизно подготвени документи и добро структурирани идеи, успеавме да обезбедиме значајна финансиска поддршка која директно ќе им служи на нашите граѓани. Исто така, ѝ благодарам на Владата за подготвеноста и коректноста што ја покажа за време на овој процес, наведува Лимани.

Тој оваа фаза ја смета за успех и јасен доказ за администрација која работи со визија, одговорност и постојан фокус за да донесе одржлив развој за Гостивар. згм/дма/

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан