Гостиварски „Комуналец“ набави уште еден камион за собирање отпад
- Капацитетот на ЈП „Комуналец“ од Гостивар се подобри со дополнување на возниот парк со уште еден специјализиран камион за подигање и транспортирање на комунален смет, информираат од општина Гостивар.
Гостивар, 17 септември 2025 (МИА) – Капацитетот на ЈП „Комуналец“ од Гостивар се подобри со дополнување на возниот парк со уште еден специјализиран камион за подигање и транспортирање на комунален смет, информираат од општина Гостивар.
Со оваа вложување, како што наведуваат од локалната самоуправа, се зајакнуваат оперативните капацитети и значително се подобруваат услугите на претпријатието.
- Ова современо возило овозможува побрзо, побезбедно и поефикасно собирање на отпадот од градското подрачје и околните населби. На тој начин се придонесува за поголема чистота и заштитата на животната средина, се наведува во соопштението од службата за информирање на општина Гостивар.
Оттаму посочуваат дека е станува збор реализирано ветување на градоначалникот Ваљбон Лимани, кој претходно најави збогатување на возниот парк на ЈП Комуналец. Ова е втор камион набавен во кус период со поддршка на локалната самоуправа. Возилото наскоро ќе биде ставено во функција по завршувањето на процедурите за регистрација. згм/рп/
Фото: Општина Гостивар