• понеделник, 23 декември 2024

Горецка за забраната за пиво во Катар: Чудно е што го решија тоа непосредно пред почетокот на Мундијалот

Горецка за забраната за пиво во Катар: Чудно е што го решија тоа непосредно пред почетокот на Мундијалот
Доха, 23 ноември 2022 (МИА) - Германскиот репрезентативец Леон Горецка ја коментираше забраната за пиво на стадионите за време на Светското првенство во 2022 година. - Не можам да разберам зошто оваа одлука е донесена непосредно пред Мундијалот. Организаторите ги прекршија ветувањата дадени кон навивачите. Ме буни и тоа дека пивото сепак ќе биде дозволено во одредени области на стадионот. Во ВИП просторот, односно во просторот за особено важни гости. Никој не може да го разбере ова, изјави Горецка. Тој одговори на прашањето од новинарите дали во случај на победа над Јапонија, денес ќе се слави со пиво во хотелот? - Имаме сериозни барања за физичка форма, мора да посветиме посебно внимание на закрепнувањето. Мислам дека пивото после натпреварот нема да помогне во тоа. Не звучи како фудбалска романса, но така е, рече фудбалерот од средниот ред на Баерн и Германија. Германците попладнево од 14 часот во Доха ќе се сретнат со Јапонија во првиот свој настап на Светското првенство 2022. зс/

Остани поврзан