• понеделник, 23 декември 2024

Гомез побара да биде ослободен бесплатно од Аталанта

Гомез побара да биде ослободен бесплатно од Аталанта
Бергамо, 15 декември 2020 (МИА) - Капитенот на Аталанта, Алехандро Гомез е решен да го напушти тимот. Тој побара клубот да го пушти бесплатно да си оди во најблискиот преоден рок, пренесува „Тутоспорт“. Претходно, во печатот се појавија информации за неговиот конфликт со тренерот Џанпјеро Гасперини. Триесет и двегодишниот Аргентинец предвреме го напушти последниот тренинг на тимот. Гомез играше во Аталанта последните шест години. Неговиот договор со тимот трае до летото 2022 година. Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на напаѓачот на 15 милиони евра. Напаѓачот оваа сезона одигра 15 натпревари за Аталанта во сите натпреварувања и има постигнато пет погодоци и четири асистенции. зс/

Остани поврзан