• среда, 15 мај 2024

Голман од грчки фудбалски клуб обвинет за силување на малолетничка

Голман од грчки фудбалски клуб обвинет за силување на малолетничка

Атина, 11 април 2023 (МИА) – Голманот на грчкиот фудбалски клуб Волос и на израелската репрезентација Борис Клејман, уапсен е во Атина и се товари за силување на малолетничка и поседување дрога, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, 33-годишниот Клејман во ноќен клуб во Атина сексуално нападнал 17-годишна девојка од Белгија, која во Грција била на училишна екскурзија, а настанал и мал инцидент откако нејзините соученици се обиделе да се пресметаат со фудбалерот и неговиот пријател.

Од грчката полиција соопштија дека бил уапсен странски државјанин обвинет за силување и поседување дрога, со оглед на тоа дека кај него биле пронајдени и одземени 1,5 грама хероин.

Иако полицијата не го откри идентитетот  на уапсениот, медиумите во Грција го објавија името на Клејман, а со соопштение излезе и ФК Волос, во кое пишува дека со одлука на претседателот на клубот, Борис Клејман и Родриго Есковал се изоставени од тимот, започнат е процесот за раскинување на нивните договори и веќе се информирани нивните менаџери.

Весникот „Катимерини“ пишува дека уапсениот бил изведен пред обвинител и поднесена е кривична постапка за силување и поседување на наркотици за лична употреба. ср/ми/

Остани поврзан