• четврток, 04 декември 2025

Голманот Тенас од ПСЖ во Виљареал

Голманот Тенас од ПСЖ во Виљареал

 

Париз, 28 август 2025 (МИА) – Шпанскиот голман Арнау Тенас, кој беше дел од репрезентацијата што ја освои олимписката титула во Париз лани, ги напушти редовите на европскиот првак ПСЖ и кариерата ќе ја продолжи во Виљареал, потпишувајќи четиригодишен договор.

Тенас пристигна во ПСЖ од вториот тим на Барселона пред две години и за клубот од Париз собра седум настапи, од кои само еден беше минатата сезона во која имаше статус на трет голман зад Џанлуиџи Донарума и Матвеј Сафонов.

Иако Донарума го напушта ПСЖ, оваа сезона во клубот пристигнаа и Ренато Марин и Лукас Шевалие со што статусот на Тенас дополнително се влоши и затоа одлучи да ја смени клупската средина.

Вредноста на трансферот се проценува на шест милиони евра. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан