• четврток, 26 декември 2024

Голманот на Интер Мајами истетовира автограм од Меси

Голманот на Интер Мајами истетовира автограм од Меси

Мајами, 27 септември 2022 (МИА) – Голманот на американскиот фудбалски прволигаш Интер од Мајами, Франциско Раниери, истетовира на раката автограм кој го доби од аргентинскиот фудбалер Лионел Меси.

Аргентинецот неодамна го посети тренинг центарот на Интер додека се подготвуваше со репрезентацијата за пријателскиот натпревар против Хондурас на кој постигна два гола во победата од 3-0.

Раниери, кој брани за младинскиот состав на Интер, се сретна со Меси и побара автограм од својот познат сонародник, кој му се потпиша на левата рака, пренесе порталот „Гол“.

Аргентинскиот голман потоа од автограмот направи тетоважа и рече дека средбата со Меси му е „најубавиот ден во животот“.ег/јт/

Остани поврзан