• сабота, 04 мај 2024

Голем пожар во близина на аеродромот во Санкт Петербург

Голем пожар во близина на аеродромот во Санкт Петербург

Москва, 10 март 2024 (МИА) – Голем пожар денеска избувна во индустриската зона во близина на рускиот град Санкт Петербург. Огнот брзо се проширил и зафатил подрачје од околу сто квадратни метри.

Пожарот зафатил и еден од хангарите на аеродромот Пулково. Поради огнот привремено беше затворен аеродромот. По локализирањето на огнот, аеродромот повторно е во функција.

Руското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека во пожарот повредени се две лица.

Сè уште не е познато што го предизвика пожарот, но според локалните власти во околината било соборено украинско беспилотно летало. ми/

фото: Икс

Остани поврзан