• среда, 15 мај 2024

Голем број повредени откако во Рафа е погоден магацин на УНРВА

Голем број повредени откако во Рафа е погоден магацин на УНРВА

Газа, 13 март 2024 (МИА) - Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) соопшти дека денеска е погоден еден од нејзините магацини во Рафа, град на југот на Појасот Газа и дека „голем број луѓе се повредени“.

„Можеме да потврдиме дека центарот за складирање и дистрибуција на агенцијата УНРВА во Рафа е погоден“, рече Жулиет Тума, портпаролка на агенцијата на ОН.

Таа истакна дека засега немаат информации што точно се случило, ниту за бројот на вработени во агенцијата кои се повредени.

Министерството за здравство во Газа соопшти дека во „бомбардирање на магацин“ убиени се четири лица. ссм/

фото: архива

Остани поврзан