• понеделник, 06 мај 2024

Големиот број на возила го отежна сообраќајот на магистралата Стража - Гостивар

Големиот број на возила го отежна сообраќајот на магистралата Стража - Гостивар

Гостивар 23 јули 2023 (МИА) - Успорено движење и возење во колона по магистралниот патен правец Стража -Гостивар е забележано во изминативе два часа. Од сообраќајната полиција информираат дека станува збор за гужва која вообичаено се јавува на крајот од викендот, особено во неделите во вечерните часови на овој патен правец се обраќаат возилата кои доаѓаат од туристичките центри Охрид и Маврово и го користат вечерниот термин за враќање дома.

Од полицијата велат дека на „здуњската крстосница" наместо семафор, протокот се регулира физички и се дава предност.

Повремените застои се должат и на зголемениот број на возила на печалбарите кои деновиве се движат низ регионот.згм/лв/

фото:МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан