• петок, 22 ноември 2024

Голема полициска акција, досега уапсени четири лица во повеќе градови во Србија и Европа поради дојави за бомби

Голема полициска акција, досега уапсени четири лица во повеќе градови во Србија и Европа поради дојави за бомби

Белград, 15 декември 2023 (МИА) - Во повеќе градови во Србија и ЕУ во тек се апсења на осомничени за лажни дојави за бомби во училишта и други институции во Србија. Три лица се веќе уапсени во Србија и едно во Чешка, објави РТС.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, на повеќе локации во Србија во тек се апсења на осомничени за дојави за поставени бомби.

Дојавите за бомби во основните и средните училишта во Белград зачестија во последниот месец. Дојави добиле и градинките, кои се покажале дека се лажни.

Министерството за внатрешни работи вчера соопшти дека до крајот на денешниот ден се очекува да биде спроведена опсежна меѓународна акција за апсење на лица поврзани со честите дојави за експлозивни направи во различни образовни институции на територијата на Србија.

Министерството во вчерашното соопштение наведува дека интензивно соработува со сите надлежни институции на национално и меѓународно ниво за идентификување на ИП адресите на испраќачите на пријавите и нивните корисници. об/паг/

 

Остани поврзан