• четврток, 26 март 2026

Голема експлозија во хемиска фабрика во источна Кина

Голема експлозија во хемиска фабрика во источна Кина

Пекинг, 27 мај 2025 (МИА) – Голема експлозија денеска се случи во хемиската фабрика „Шандонг Јудао Хемикал“ во градот Вејфанг, во покраината Шандонг, источна Кина.

На местото на несреќата испратени се 55 возила на итната помош и 232 спасувачи, соопшти кинеското Министерство за управување со итни ситуации.

Канцеларијата за заштита на животната средина во Вејфанг испрати персонал да спроведе тестови на местото на експлозијата и им советуваше на жителите да носат маски за лице.

„Шандонг Јудао Кемикал“ со 300 вработени е во сопственост на „Химиле Груп“. Компанијата развива, произведува и продава технологија за пестициди, фармацевтски производи и сродни хемиски меѓупроизводи. ми/

фото: Икс

Остани поврзан