Годишна изложба на ликовното студио „Арс Вивенди“
- Годишна изложба на членовите на Ликовното студио „Арс Вивенди“ ќе биде отворена вечерва во 19 часот во галерија „КО-РА“ - нов салон во Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје.

Скопје, 30 мај 2023 (МИА) - Годишна изложба на членовите на Ликовното студио „Арс Вивенди“ ќе биде отворена вечер во 19 часот во галерија „КО-РА“ - нов салон во Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје.
На изложбата ќе бидат изложени дела во различна тематика, и во повеќе техники, настанати под менторство на познатиот и наградуван уметник и педагог Тони Шулајковски. ар/лв/
Фото: Арс вивенди