• четврток, 25 јули 2024

Годишна изложба на делата од ликовната работилница на Славчо Максимовски

Годишна изложба на делата од ликовната работилница на Славчо Максимовски

Тетово, 27 јуни 2023 (МИА) - Со изложба пред тетовската публика се претставија 28 ученици кои создадоа над седумдесетина уметнички дела од ноември 2022 до крајот на учебната година во рамки на работилницата што за млади таленти ја организира уметникот Славчо Максимовски.

Нивните уметнички дела се изложени во Националната установа Уметничката Галерија Тетово. Ова е осма година по ред како се организираат работилниците на Славчо Максимовски со цел ученици да стекнат основи на ликовното сликање, креативноста, учење различни техники за цртање и сликање и слично.

- Успеавме и покрај сите препреки. После 8 години сме само покреативни и похрабри. Учиме уметност но и почит, другарство, слобода и љубов. Како семејство. Со поголем дел пораснавме заедно. Моите прекрасни уметници се гордост на градот и државата иако ја немаме нивната поддршка. Со златни деца се е лесно. Благодарност до сите кои беа на наша страна особено до директорката на ОУ „Братство Миѓени“ за несебичната поддршка, изјави Славчо Максимовски.

Учениците уметници се на возраст од девет до 17 години од повеќе основни и средно училишта во Тетово и Тетовско. ас/аа/

Фото: МИА 

Остани поврзан