• сабота, 21 декември 2024

Годишната прес-конференција Путин ќе ја одржи на 14 декември

Годишната прес-конференција Путин ќе ја одржи на 14 декември

Москва, 30 ноември 2023 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин ќе одржи прес-конференција на 14 декември, на која ќе се осврне на 2023 година, соопшти денеска Кремљ. Тоа е негов прв годишен брифинг откако во февруари 2022 година Русија ја почна инвазијата на Украина.

- На 14 декември, Владимир Путин ќе ги сумира резултатите од годината. Тоа ќе биде комбиниран формат на директна линија и последната прес-конференција на претседателот, соопшти  портпаролот на Кремљ. Дмитриј Песков. Директната линија значи дека руските државјани ќе имаат можност да постават прашања на шефот на државата.

Песков додаде дека брифингот ќе се емитува на државните телевизиски мрежи. ссм/

фото: архива

Остани поврзан