Годишен концерт со композиции од ренесанса на градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје
- Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје вечерва ќе одржи годишен концерт во Музејот на македонската борба за самостојност, со почеток во 19 и 30 часот. Хорот ќе изведе композиции од европската и италијанска ренесанса под диригентство на Марија Андонова.Влезот е бесплатен.
Скопје, 16 ноември 2023 (МИА) - Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје вечерва ќе одржи годишен концерт во Музејот на македонската борба за самостојност, со почеток во 19 и 30 часот. Хорот ќе изведе композиции од европската и италијанска ренесанса под диригентство на Марија Андонова.Влезот е бесплатен.
- На концертот публиката ќе има можност да се запознае со ренесансната „а капела“ музика од 15 и 16 век која мошне ретко се изведува кај нас. Оваа музика оддишува со специјален вокален стил што бил создаван во монументалноста на ренесансниот период со сложена полифона форма, информираат од хорот „Вардар“.
Градскиот мешан хор“ Вардар“ од Скопје во своето 23-годишно постоење, во континуитет и со ентузијазам работи и ја презентира хорската музика, како во нашата земја, така и во странство. Хорот има добиено повеќе признанија за своите изведби
Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија. ир/са/
Фото: Хор „Вардар“