• понеделник, 23 декември 2024

Годинава први приноси од граѓански и зелени обврзници, во најава емисии за развојната и проектната обврзница

Годинава први приноси од граѓански и зелени обврзници, во најава емисии за развојната и проектната обврзница

Скопје, 4 јануари 2024 (МИА) - Во годината што измина за првпат во земјава беа воведени граѓанската и зелената обврзница како нови финансиски инструменти, а првите приноси по основ на камата се очекува да бидат исплатени во текот на оваа година. За годинава, од Министерството за финансии најавуваат воведување и на развојната и на проектната обврзница.  

Граѓанската обврзница, според најавите на ресорното Министерство, ќе се објавува на крајот на секој квартал, а средствата од развојната и проектната обврзница ќе бидат наменети за развојни и големи инфраструктурни проекти.

Во текот на минатата година беа одржани две аукции на граѓанската обврзница и една аукција на зелената обврзница. 

- Како што беше најавено граѓанските обврзници и во наредната година ќе бидат присутни на крајот на секој квартал како иновативни финансиски инструмент во кои граѓаните може да ги инвестираат своите слободни парични средства. Како и досега постапката за објавување на проспектот за новите емисии од овие обврзници транспарентно и навремено ќе бидат објавени во јавноста. Дополнително покрај граѓанската и зелената обврзница, на пазарот ќе бидат пласирани и останатите две обврзници развојната и проектната со кои се поддржуваат развојни и големи инфраструктурни проекти, велат од Министерството за финансии во одговорот за МИА.

Почнува примената на измените на Законот за данок на личен доход со кои се става во мирување примената на прогресивниот данок на личен доход. Следните 36 месеци доходот од работа, доходот од

Проспектот за првата граѓанска обврзница беше објавен на 30 јуни, а аукцијата се одржа на 13 јули. Учествуваа 1 283 граѓани со уплатени 1.448.030.000 денари што беше двојно повеќе од она што беше објавено со Проспектот кој беше во износ од 600 милиони денари.

Министерот за финансии Фатмир Бесими тогаш изрази задоволство од интересот за овој нов финансиски инструмент, посочувајќи дека придобивките за граѓаните се повеќекратни. 

- Граѓаните го препознаа својот интерес и ја искористија можноста да инвестираат во производ кој за нив е безризичен, сигурен и носи атрактивен принос, штитејќи ја вредноста на нивните пари во момент на висока инфлација, рече Бесими.

Минималниот износ за учество беше 10.000 денари, а максималниот износ не беше предвиден. Поднесувањето на барањата и уплатата на средствата се одвиваше преку шалтерите на деловните банки.

Приносот по основ на камата на граѓаните ќе им биде исплатен на 20 јули годинава и на 20 јули 2025 година кога ќе им биде вратен целиот вложен износ. Каматната стапка за оваа емисија на граѓанска обврзница изнесуваше пет проценти годишно и таа е фиксна за двегодишниот период на важност на обврзницата што значи дека граѓаните ќе добијат 10 проценти принос од инвестираниот износ.

Истата постапка беше спроведена и за втората емисија на граѓанска обврзница која се случи на 18 октомври кога беше објавен Проспектот. На аукцијата што беше одржана на 7 ноември учествуваа 907 граѓани со вкупно 1.085.480.000 денари или 17,7 милиони евра што беше за 1,8 пати повеќе од износот објавен во Проспектот.

Министерот за финансии тогаш излезе со оценка дека граѓанската обврзница веќе станува препознатлива кај граѓаните и дека таа веќе си го нашла своето место на пазарот. 

- Граѓанската обврзница им нуди на граѓаните сигурност и безбедност за вложените пари, како и атрактивна камата, преку која ја заштитуваат вредноста на парите. Од друга страна инвестираат и во развојот на државата, затоа што парите добиени од граѓанската обврзница, како и другите обврзници кои се предвидени со Планот за забрзан раст и Стратегијата за управување со јавен долг, се насочени во реализација на развојни проекти, посочи тогаш Бесими.

null

Добивката од влогот, граѓаните ќе го добијат на 14 ноември годинава и на 14 ноември 2025 година, кога ќе им биде вратен целиот инвестиран износ.

Меѓу првата и втората граѓанска обврзница, поточно на 27 септември Министерството за финансии го објави првиот Проспект за зелената обврзница, а на 3 октомври се одржа  аукцијата на која побарувачката беше речиси трипати поголема. Беше доставена понуда од 1,635 милијарди денари, а беа запишани зелени обврзници во износ од 10 милиони евра. Интерес пројавија банки, финансиски институции, но и физички лица.

Средствата, според најавите на надлежните, ќе бидат насочени во Фондот за енергетска ефикасност во рамки на Развојната банка, од каде што компаниите ќе може да добијат по поволни услови за своите зелени инвестиции. 

Највисоката месечна бруто плата лани изнесувала 142 илјади евра и ја добивал стружанец кој работел во индустријата за метали.

Интересот за овој нов финансиски инструмент, според министерот за финансии, покажува дека на пазарот на капитал му се потребни нови, креативни и иновативни инструменти кои ќе ја збогатат понудата и ќе им овозможат на инвеститорите да го прошират своето финансиско портфолио.

Издадените зелени обврзници се со рок на доспевање од две години, со каматна стапка од 4,75 проценти годишно, односно ќе доспеат на 5 октомври 2025 година, а каматата ќе биде исплатена на 5 октомври годинава за првата година и на 5 октомври 2025 година за втората година, заедно со главнината.

Воведувањето на обврзниците како нов иновативен финансиски инструмент на домашниот пазар е предвидено со Планот за економски раст и Стратегијата за управување со јавниот долг.

Билјана Анастасова-Костиќ

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан