• недела, 22 декември 2024

Годинава едно лице позитивно на ХИВ/СИДА во Куманово

Годинава едно лице позитивно на ХИВ/СИДА во Куманово

Куманово, 1 декември 2023 (МИА) - Едно лице е новопозитивен случај на ХИВ/СИДА во Куманово во тековната година, соопштија денеска надлежните од епидемиолошката служба од Центарот за јавно здравје.

Лани и полани исто така беше евидентиран по само еден случај. Годинава, новооткриениот е во Куманово.

-Сите кои имаат ризичен однос, оние кои инјектираат дрога, кои се сомневаат можат да се тестираат анонимно, доверливо во нашето советувалиште. Тестирањето е доброволно и се препорачува за сите засегнати во одделот за микробиологија, изјави епидемиологот Едита Рамизи од ЦЈЗ Куманово.

Во Куманово од почетокот од 1987 година регистрирани се 29 заболени, од кои пет е се починати.

-Постојано обрнуваме внимание на младата популација преку едукација, одржување предавања во сите училишта на на двата јазика, и на македонски и на албански јазик. На овој начин влијаеме на подигање на свеста за вирусот и болеста, вели докторката.

Лицата кои се инфицирани живеат подолго со антивирусната терапија ако навремено се тестираат, особено при сомнителен контакт. Граѓански здруженија во соработка со кумановските лекари изминативе години вршеа теренски тестирања, особено меѓу зависниците од дрога.

Лекарите препорачуваат тестирање за сите оние кои не практикуваат безбедни сексуални односи. Со воведување на антиретровирусната терапија како и со прекспозиционата заштита, периодот на живеење со ХИВ инфекцијата е сè подолг.

ЦЈЗ Куманово располага со доволен број тестови и ги повика сите засгнати доброволно, анонимно да се тестираат. ам/мд/

Фото: МИА 

 

 

Остани поврзан