Гитенс од Борусија во Челзи за 65 милиони евра
- Борусија Дортмунд и Челзи постигнаа принципиелен договор за трансфер на 20-годишниот напаѓач Џејми Гитенс во лондонскиот клуб.
Лондон, 4 јули 2025 (МИА) – Борусија Дортмунд и Челзи постигнаа принципиелен договор за трансфер на 20-годишниот напаѓач Џејми Гитенс во лондонскиот клуб.
Борусија на својата официјална веб-страница објави денеска дека сè уште треба да се договорат последните детали околу трансферот, кој според медиумските извештаи, ќе изнесува меѓу 63,8 и 65 милиони евра, колку што германскиот клуб бараше за трансферот на Гитенс.
„Преговорите беа предизвикувачки, но на крајот сме задоволни што најверојатно ќе ги оствариме нашите очекувања и ќе го обезбедиме планирањето, изјави спортскиот директор на Борусија, Себастијан Кел.
„Џејми е одличен играч кој ни донесе многу радост. Негова желба беше да го направи следниот чекор во кариерата во Челзи и му посакуваме се најдобро и многу успех“, додаде Кел.
Гитенс се приклучи на клубот од Дортмунд во 2020 година од развојната академија на Манчестер Сити. ег
ФОТО: ЕПА