Гимназијалци од Делчево во возвратна посета на Пирот, како дел од програмата Суперучилишта
- Петнаесет ученици од гимназијата „Методи Митевски Брицо“ од Делчево се наоѓаат во Пирот каде се реализира возвратната посета во рамки на програмата Суперучилишта. Двете учичишта заеднички го реализираат регионалниот проект започнат од Регионалната канцеларија за младинска соработка во Западен Балкан RYCO и Германската агенција за меѓународна соработка ГИЗ.
Делчево, 6 март 2025 (МИА) - Петнаесет ученици од гимназијата „Методи Митевски Брицо“ од Делчево се наоѓаат во Пирот каде се реализира возвратната посета во рамки на програмата Суперучилишта. Двете учичишта заеднички го реализираат регионалниот проект започнат од Регионалната канцеларија за младинска соработка во Западен Балкан RYCO и Германската агенција за меѓународна соработка ГИЗ.

- Оваа недела 15 ученици од училиштето „Методи Митевски-Брицо“ од Делчево, Македонија, се во возвратна посета на Пирот, град како дел од втората размена на оваа програма. Преку неформално образование во форма на работилници, учениците во н ќе дискутираат со следните теми: мирно решавање конфликти, ненасилна комуникација, идентитет, предрасуди, интеркултуралност, дискриминација, информираа од делчевската гимназија.
Дополнително преку оваа размена, како што додадоа,учениците се едуцираат за начинот на работа и учење во друго училиште, за културата и традициите на други луѓе, како и начинот на кој живеат нивните врсници во нивната средина, стекнувајќи нови пријатели.

- Оваа програма која ја водат проектните координатори од средното стручно училиште во Пирот, Душица Голубовиќ и Наталија Мадиќ е збогатена со обиколки на културно-историските знаменитости во Пирот и околината, како и соработка со институции и организации во градот, додадоа од СОУ ,,М.М.Брицо".
Програмата има за цел да го поддржи процесот на помирување и градење мир, како и процесот на меѓукултурен дијалог меѓу училиштата. вс/цр
Фото: МИА