• петок, 05 декември 2025

Гилџус-Александер прогласен за машки спортист на годината во изборот на „ESPY“

Гилџус-Александер прогласен за машки спортист на годината во изборот на „ESPY“

Лос Анџелес, 17 јули 2025 (МИА) - Плејмејкерот на Оклахома, Шеј Гилџус-Александер е прогласен за играч на годината во НБА и за машки спортист на годината од страна на „ESPY“.

Тој ги победи Џош Ален (американски фудбал), Сакуон Баркли (американски фудбал) и Шохеи Охтани (бејзбол) во гласањето за спортист на годината.

- Сакам да им се заблагодарам на Тандер што ми дозволија да бидам свој. Сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи. Најдобриот кошаркарски тим во светот, рече Гилџус-Александер по добивањето на наградата.

Дваесет и шестгодишниот Канаѓанец беше прогласен за „MVP“ во сезоната 2024/25 и ѝ помогна на Оклахома да стане шампион на НБА. Тој играше во 76 натпревари, со просек од 32,7 поени, 5 скока и 6,4 асистенции.

Церемонијата на доделување на наградите „ESPY“ во 2025 година се одржа во Лос Анџелес. Кристијан Пулишиќ од Милан беше прогласен за најдобар фудбалер на годината, а рускиот хокеар на Вашингтон, Александар Овечкин, ја освои наградата во категоријата „Најдобар рекорд“. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан