• недела, 22 декември 2024

Гибралтар последен противник на Македонските фудбалери во јунскиот сегмент од Лигата на нации

Гибралтар последен противник на Македонските фудбалери во јунскиот сегмент од Лигата на нации
Скопје, 12 јуни 2022 (МИА) – Со натпреварот против Гибралтар закажан за вечер од 18 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, македонската фудбалска репрезентација ќе го заокружи јунски дел од Лигата на Нации. Избраниците на селекторот Благоја Милевски играат во четвртата група Ц-цегмент. По поразот од Грузија пред три дена, ова ќе биде убава можност „рисовите“ да се вратат на победите. Средбата со Гибралтар на гостински терен на 5 јуни Македонците ја добија со 2:0. По три кола македонскиот национален тим има четири бода и е втор на табелата, зад лидерот Грузија која има максимални девет бода. Бугарија е трета со два, Гибралтар е последен со еден освоен бод. зс/

Остани поврзан