• вторник, 12 ноември 2024

Гејтс: САД наскоро ќе почнат да даваат вакцини на другите земји 

Гејтс: САД наскоро ќе почнат да даваат вакцини на другите земји 

Вашингтон, 4 мај 2021 (МИА) - Мелинда Гејтс, коосновачка на една од најголемите добротворни организации во светот, смета дека властите во САД мошно скоро ќе донесат одлука колку од своите резерви на вакцини може да донираат на другите земји на билатерална основа и во рамките на глобалната иницијатива Ковaкс. 

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, Гејтс кажа дека не треба да се чека додека биде вакцинирано целото население на САД и дека американските власти ја сфаќаат неопходноста од вакцинација на целиот свет за запирање на пандемијата. 

-Мислам дека властите на САД ги оценуваат своите резерви на вакцини и решаваат колку треба да се даде во рамките на Ковaкс или на билатерална основа, затоа сметам дека ќе набљудуваме некакви движења во тој правец, изјави Гејтс во интервју за денешен Фајненшал тајмс.

Интервјуто е направено пред денешната објава дека Бил и Мелинда Гејтс се разведуваат. 

Според неа, богатите земји не треба да чекаат да биде вакцинирано целото население се до малолетниците, па потоа да ги споделуваат дозите со посиромашните земји со понизок стандард. Таа предлага да се направи некаков возрасен дијапазон, од 20 до 30 години.

Мелинда Гејтс истакна дека треба да се засили предавањето на технологија за производство на вакцините.

-Моментално, главниот прoблем е поврзан со производството. Имаме недоволно ресурси за производство, недоволно капацитет во местата каде што треба, а земјите кои имаат свое производство прават резерви на вакцините. Тоа треба да се смени, изјави таа. 

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс е една од највлијаталните организации во светот на здравството на глобално ниво и лани издвои околу 1.75 милијарди долари за борба против Ковид-19. Сопружниците раководат со фондацијата заедно. кб/    

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан