• четврток, 19 декември 2024

Герт Вилдерс во потрага по коалициски партнери по победата на неговата ПВВ на изборите во Холандија 

Герт Вилдерс во потрага по коалициски партнери по победата на неговата ПВВ на изборите во Холандија 

Брисел, 26 ноември 2023 (МИА) – Лидерот на холандската екстремно десничарска популистичка и националистичка Партија на слободата (ПВВ), Герт Вилдерс е во потрага по можни коалициски партнери за формирање на идната Влада на Холандија. 

Вилдерс не ја крие амбицијата да биде следниот холандски премиер, откако неговата ПВВ оствари изненадувачки убедлива победа на изборите за долниот Претставнички дом на Парламентот на Холандија во средата. 

Партиски претставници во петокот имаа средба со претседателката на Претставничкиот дом, Вера Бергкамп посветена на можниот кандидат за т.н. „известувач“, кој ќе има задача во консултации со парламентарните партии да ги разгледа можните варијанти за идната владина коалиција. „Известувачот“ треба да биде избран следната недела, кога се очекува и партиите да ги именуваат своите претставници кои ќе бидат вклучени во тие консултации. 

Консултациите за формирање за досегашната Влада на премиерот во заминување Марк Руте траеја рекордни 299 дена или повеќе до девет и пол месеци, а таа опстои помалку од две години.  

Премиерот на Холандија, Марк Руте синоќа соопшти дека неговата коалициска Влада поднесува оставка поради непомирливите разлики за имиграциската политика

Политичките аналитичари наведуваат дека на Вилдерс ќе му биде многу тешко да најде доволен број партнери за формирање влада, но сепак не ја исклучуваат целосно таквата можност.  

Во првите реакции во текот на изборната ноќ, Вилдерс, кој својата политичка кариера ја градеше на антимигрантска, антиисламска и анти-ЕУ реторика, посочи дека сега кога ПВВ конечно стана најбројна во Парламентот, останатите партии „повеќе не ќе може да ја игнорираат“, порачувајќи им дека „мора да бараат договор“ и „да работат заедно“. - Од оваа одлична позиција, ПВВ сака да соработува со други партии. Мора да излеземе со решенија, во рамките на Уставот, порача Вилдерс.   

Во последните настапи во текот на кампањата, Вилдерс делумно ретерираше во екстремистичките позиции, изјавувајќи дека е подготвен да ги „замрзне“ своите антиисламски и антимигрантски ставови со цел да учествува во Владата, бидејќи Холанѓаните имаат „поголеми проблеми од борбата против напливот на баратели на азил и имигранти“, како што се зголемените трошоци за живот, здравствената заштита и безбедноста.  

Новата лидерка на конзервативно-либералната Народна партија за слобода и демократија (ВВД) на Руте, Дилан Јешилѓоз-Зегериус во текот на изборната кампања не ја исклучи можноста за коалицирање со Вилдерс, но под услов тој да не биде премиер. Сепак, ден по изборите, по средбата на раководството на ВДД, Јешилѓоз-Зегериус рече дека не би сакала Холандија да има лидер кој „нема да ги обединува сите Холанѓани“. 

Јешилѓоз-Зегериус, која има курдско-турско потекло и е родена во Анкара, додаде дека засега не гледа можност Вилдерс да формира мнозинство. 

Вториот потенцијален коалициски партнер на Партијата на слободата, лидерот на новоформираната десничарска партија Нов социјален договор (НСЦ), Питер Омцигт, во текот на кампањата ја исклучуваше можноста за коалицирање со Вилдерс, поради неговите, како што ги нарече, „антиуставни планови“ за забрана исламските верски училишта, џамиите и Куранот. Меѓутоа, во текот на изборната ноќ, Омцигт делумно ретерираше во својот став, велејќи дека НСЦ е отворена за коалициска соработка. - Ова е политички многу комплициран резултат. Тешка загатка, изјави Омцигт, додавајќи дека ваквиот изборен исход „ќе бара од политичарите да ги погазат сопствените изјави“. 

По извештаите дека претставници на ЦИА разговарале за убиство на основачот на Викиликс, Џулјан Асанж, генералниот известувач на Парламентарното собрание за заштита на укажувачите, Питер Омциг

Евентуалната коалицијата на ПВВ, ВВД и НСЦ би имала 81 мандат или пет повеќе од неопходното мнозинство од 76 пратеници во 150-члениот Долен дом. 

Интерес за учество во владина коалиција составена од ПВВ, ВВД и НСЦ пројави и лидерката на десното популистичко земјоделско Движење земјоделци-граѓани (БББ), Каролине ван дер Плас, која изјави дека нејзината партија е отворена за вклучување во ваква влада. БББ важи за атрактивен коалициски партнер од причина што е најбројна партија во Горниот дом на Парламентот, Сенатот. 

„Вицешампионот“ на изборите, левоцентристичкиот блок на Лабуристичката партија (ПВДА) и Зелената левица (ГЛ) предводен од поранешниот еврокомесар Франс Тимерманс, исклучи секаква можност за коалицирање со партијата на Вилдерс и останатите екстремно десничарски партии. 

Сепак, Тимерманс се надева дека тој би можел да биде идниот премиер, доколку неговиот блок постигне договор за коалициска соработка со ВВД, НСЦ и социјал-либералната партија Демократи 66 (Д66). Ваквата коалиција би имала 78 пратеници.  

Националистичката и десно популистичка Партија на слободата (ПВВ) на Герт Вилдерс, според резултатите од излезните анкети од вчерашните предвремени парламентарни избори во Холандија, ќе биде

Играјќи на картата како противтежа на антиисламските и антимигрантските позиции на Вилдерс, Тимерманс во првиот настап на изборната ноќ порача дека во Холандија се сите добредојдени и повика на единство.   

- Ми требате сите. Држете се заедно, не дозволуваме никој да си оди од Холандија. Ако во соседството, на училиште или на работа среќавате луѓе кои размислуваат дали се уште припаѓаат овде, многу јасно кажете им – да, изјави Тимерманс, додавајќи дека во Холандија сите се еднакви, без разлика каде се родени или од каде се нивните родители или баби и дедовци.   

Тој нагласи дека неговиот блок ќе продолжи да работи „со сите други демократи“, но никогаш нема да коалицира со ПВВ на Вилдерс. - Владеењето на правото е свето за нас, додаде Тимерманс.  

Свесен за можноста Тимерманс да го добие мандатот за формирање влада, Вилдерс им порача на партиите од десниот спектар дека мора да најдат заеднички јазик. - Не може да дозволиме Франс Тимерманс да преземе одговорност. Тоа не треба да се случи, рече Вилдерс. 

Националистичката и десно популистичка Партија на слободата (ПВВ) на Герт Вилдерс ќе биде убедливо најбројна политичка партија во новиот состав на холандскиот Парламент, покажуваат резултатит

Во текот на кампањата, Омцигт предлагаше формирање владина коалиција на партиите „десно од центарот“, но без Партијата на слободата, која сега би имала 63 пратеници или 13 помалку од потребните 76 за парламентарно мнозинство.    

Според се уште неофицијалните изборни резултати, ПВВ на Вилдерс освои 37 места во Долниот дом на Парламентот, пред блокот ПВДА-ГЛ на Тимерманс со 25, ВВД на Јешилѓоз-Зегериус со 24 и НСЦ на Омцигт со 20 пратеници. На петтото место се пласира Д66 со освоени девет мандати, пред БББ со седум и десноцентристичкиот Христијански демократски повик (ЦДА) и левичарската Социјалистичка партија (СП) со по пет пратенички места. По три пратеника освоија еколошката Партија за правата на животните (ПВДД), демохристијанската конзервативна Христијанска унија (ЦУ), партијата што ги застапува интересите на Холанѓаните со турско, блискоисточно и северноафриканско потекло Денк, екстремно десничарскиот и евроскептичен Форум за демократија и протестантската конзервативна Реформирана политичка партија (СГТ), прогресивната проевропска партија Волт доби два мандати и антиимигрантската десничарска партија Точен одговор 2021 (ЈА21) едно пратеничко место.  

Краен рок за објавување на конечните изборни резултатите е 1 декември. сп/

Фото: МИА Архива 

Остани поврзан