• четврток, 21 ноември 2024

Германското државно обвинителство подигна обвинение за осомничен во случајот Меделин Мекен

Германското државно обвинителство подигна обвинение за осомничен во случајот Меделин Мекен
Брауншвајг, 11 октомври 2022 (МИА) -  Германското јавно обвинителство покрена обвинение против 45-годишен маж за сексуални злосторства што наводно ги извршил во Португалија во периодот од 28 декември 2000 година до 11 јуни 2017 година, а станува збор за лице кое веќе издржува затворска казна и е осомничено за исчезнувањето на британската девојче Меделин Мекен. Државното правобранителство во Брауншвајг соопшти дека обвинетиот е лице кое е под истрага во врска со исчезнувањето на тогаш тригодишното британско девојче Меделин Мекен во Португалија во 2007 година. „Обвинетиот се товари за три тешки силувања и две за сексуална злоупотреба на деца“, наведуваат од државното правобранителство. „Истрагата за исчезнувањето на Меделин продолжува“, наведуваат од канцеларијата и додаваат дека „поради истрагата, засега не можат да дадат повеќе информации за наодите“. Федералната канцеларија за криминалистичка полиција и Државното правобранителство во Брауншвајг апелираа до јавноста да помогне во истрагата на случајот. Осудениот злоставувач на деца и дилер на дрога Кристијан Брукнер, кој отслужува затворска казна во Германија за силување жена во португалскиот регион Алгарве каде што Меделин исчезна во 2007 година, беше идентификуван како официјално осомничен во случајот во април. Со ова, португалското државно обвинителство првпат идентификуваше осомничен во случајот откако родителите на девојчето беа осомничени за исчезнувањето на девојчето во 2007 година, а подоцна беа ослободени од сомневањата. Брукнер (45) негира вмешаност во исчезнувањето на Меделин, која била киднапирана додека семејството било на одмор во Португалија. зш/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан