• недела, 22 декември 2024

Германските царински власти откриле марихуана и хашиш во новогодишни подароци

Германските царински власти откриле марихуана и хашиш во новогодишни подароци

Берлин, 7 декември 2024 (МИА) - Германските царински службеници на аеродромот Келн/Бон откриле марихуана и хашиш скриени во минијатурни новогодишни елки и играчки.

Дрогата, вредна повеќе од 500.000 евра, вклучува 19 килограми марихуана и околу шест килограми хашиш, која потекнува од САД и Канада. Истата била откриена рано утрото на 6 декември, Денот на Свети Никола, кога во Германија започнува традицијата на новогодишни подароци.

„Шверцерите постојано се обидуваат да сокријат огромни количества дрога во новогодишни пратки“, соопштија од царината. Дрогата е уништена, а дрогата е откриена во осум одделни пратки. ссм/

фото: архива

Остани поврзан