• петок, 15 ноември 2024

Германските рации во осум сојузни покраини се насочени кон екстремистичката група „Граѓани на Рајхот“ 

Германските рации во осум сојузни покраини се насочени кон екстремистичката група „Граѓани на Рајхот“ 

Минхен, 23 ноември 2023 (МИА) - Околу 280 полицајци вршеле претрес на повеќе имоти во осум германски покраини во врска со истрагите за екстремистичките „Граѓани на Рајхот“, дознава ДПА. Според информациите на ДПА, тие се осомничени за формирање криминална организација.

„Граѓаните на Рајхот“, или на германски Рајхсбургер, се дифузна група на луѓе кои живеат во Германија, не го признаваат авторитетот на сегашниот систем на владеење и ги отфрлаат неговите демократски и уставни структури како што се парламентот и судовите.

Германската полиција во изминатите месеци постојано спроведуваше рации во домовите и канцелариите на наводните членови на движењето. Во октомври, полицијата во неколку покраини изврши претрес во домовите на членовите на „Граѓани на Рајхот“, наводно поврзани со група која себеси се нарекува „Обединети патриоти“, за која се вели дека планирала државен удар и нов устав врз основа на германската империја од 1871 година.

На петмина наводни членови на Обединетите патриоти веќе им се суди. Вишиот регионален суд во Кобленц ги обвини четворицата мажи и една жена за планирање државен удар и намера да го убијат министерот за здравство Карл Лаутербах. Тие го презираат Лаутербах за ограничувањата што владата ги наметна во екот на пандемијата на Ковид-19. Во 2022 година, германската разузнавачка агенција располагаше со податок за околу 23.000 членови на Граѓаните на Рајхот.

Покрај непризнавањето на легитимноста на германската држава, „Граѓаните на Рајхот“ често одбиваат да платат даноци или казни и во некои случаи поседуваат нелегално оружје. ссм/

фото: ДПА

Остани поврзан