• сабота, 05 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Германските конзервативци и социјалдемократи се договорија за формирање на нова влада

Германските конзервативци и социјалдемократи се договорија за формирање на нова влада

Берлин, 9 април 2025 (МИА) - Германските конзервативци предводени од лидерот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и најверојатно следен канцелар Фридрих Мерц постигнаа договор со централно-левичарските социјалдемократи (СПД) за формирање нова влада, јави НТВ.

Конзервативната алијанса ЦДУ/ЦСУ победи на сојузните избори на 26 февруари, а претходната влада ја предводеше социјалдемократот Олаф Шолц.

Успех на изборите постигна и крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД), но конзервативците ја отфрлија можноста за коалицирање со оваа партија.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан