Германскиот Суперкуп ќе го носи името на Франц Бекенбауер
- Германскиот Суперкуп ќе го носи името на легендарниот Франц Бекенбауер, тврди „Билд“.

Берлин, 11 декември 2024 (МИА) - Германскиот Суперкуп ќе го носи името на легендарниот Франц Бекенбауер, тврди „Билд“.
Германската фудбалска федерација (ДФБ) и германската фудбалска лига (ДФЛ) наводно дошле до разбирање, но ниту една од страните се уште нема дадено официјална изјава.
Суперкупот се одржува пред почетокот на фудбалската сезона во земјата, а шампионот во Бундеслигата ќе ги одмери силите против победникот на германскиот куп. Следниот меч треба да се одигра на 16 август, а трофејот сега ќе го носи името на Бекенбауер.
Франц Бекенбауер почина на 78-годишна возраст на 7 јануари. За време на неговата фудбалска кариера, тој освои бројни трофеи со Баерн Минхен, а потоа служеше како претседател на клубот.
Тој стана светски шампион како фудбалер и тренер, а во голема мера е заслужен што и помогна на Германија да биде домаќин на Светското првенство во 2006 година. дс
Фото: Архива