• петок, 26 јули 2024

Германскиот Управен суд прифати десничарската АфД да биде ставена под надзор

Германскиот Управен суд прифати десничарската АфД да биде ставена под надзор

Берлин, 13 мај 2024 (МИА) - Сојузниот управен суд денеска пресуди дека Германската разузнавачка агенција има право да ја стави под надзор екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) поради потенцијален екстремизам и во исто време ја одби жалбата на таа партија.

Судот во Минстер, во покраината Северна Рајна-Вестфалија, утврди дека има доволно правна основа за ваквото означување на АфД, нагласувајќи дека тој чекор не води неизбежно до тоа партијата да биде означена како докажан случај на десниот екстремизам.

Судот соопшти дека нема индикации дека разузнавачката агенција дејствувала со несоодветни политички мотиви.

Со таа пресуда во корист на разузнавачка агенција на Германија, судот ја потврди претходната одлука на понискиот суд од Келн од 2022 година.

АфД го отфрли таквото толкување и го оцени како политички обид за дискредитација на партијата. Членот на нејзиното национално раководство, Роман Реуш, рече дека партијата ќе поднесе жалба. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан