• недела, 12 мај 2024

Германскиот претседател вети во Ерусалим непоколеблива поддршка за Израел

Германскиот претседател вети во Ерусалим непоколеблива поддршка за Израел

Ерусалим, 26 ноември 2023 (МИА) - Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер вети непоколеблива поддршка на Германија за Израел во неговата војна во Газа за време на заедничката прес-конференција со израелскиот претседател Ицак Херцог во Ерусалим, јави ДПА.

„Се солидаризираме со Израел“, рече Штајнмаер. „Тоа не е само со Израел како жртва на тероризмот. Нашата солидарност е и со Израел, кој се брани, кој се бори против егзистенцијална закана“.

Штајнмаер ја даде изјавата по зголемените критики за однесувањето на Израел во Појасот Газа, во кое загинаа илјадници цивили, јави ДПА.

Шефот на германската држава изјави и дека е неопходно да се заштитат цивилите во Појасот Газа и да се обезбедат основните животни потреби. „Ова го бара меѓународното хуманитарно право. Затоа е добро што договорениот прекин на огнот сега се користи за таа цел“. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан