• четврток, 06 март 2025

Германскиот пратеник за Западен Балкан утре на средба со Вучиќ

Германскиот пратеник за Западен Балкан утре на средба со Вучиќ
Белград, 29 септември 2022 (МИА) - Специјалниот пратеник на германската влада за Западен Балкан, Мануел Сарацин, утре во Белград ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, соопшти Претседателството на Србија, јави Бета. Сарацин беше во Белград во средината на септември кога со Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ разговараше за ситуацијата во регионот, ноемврискиот самит на Берлинскиот процес и воспоставувањето заеднички регионален пазар. Германскиот пратеник доаѓа во Белград по Тирана, каде што вчера разговараше со министерката за надворешни работи на Албанија Олта Џачка за евроинтеграциите и самитот на Берлинскиот процес. паг/

Остани поврзан