• вторник, 14 јануари 2025

Германскиот министер за одбрана пристигна во ненајавена посета на Киев

Германскиот министер за одбрана пристигна во ненајавена посета на Киев

Киев, 14 јануари 2025 (МИА) - Германскиот министер за одбрана Борис Писториус пристигна во Киев на разговори со украинската Влада, во посета која претходно не беше најавена од безбедносни причини, јави ДПА.

По пристигнувањето, Писториус за ДПА изјави дека за време на посетата сака да разговара за дополнителната помош и да добие идеја за воената ситуација.

Русија ја започна својата инвазија на Украина во февруари 2022 година, потсетува германската агенција.сд/

фото:ДПА

Остани поврзан